In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Манастир Св. Архангел Михаил

Над селото Варош, Прилепско се наоѓа манастирскиот комплекс со црквата Св. Архангел и старите конаци од 19 век. Денешната црква претрпела повеќе преправки, градби и доградби, почнувајќи од 11 век па се до последната обнова во 1861 година.Најстарите изворни податоци сведочат за постоењето на црквата во 11 век. Тоа се откриените фрески на Св. Архангел Михаил и фигура на неидентификуван светец, сочувани врз големите блокови на карпи. Тие две карпи биле малтерисани и осликани во некогашната постојна црквичка, коишто подоцна во непознато време се урнале и во денешни дни постојат ничкум со поменатите фрески во наосот на денешната црква под подот.

За постоењето на црква во 12 век на местото на денешната ни сведочат делумно сочуваниот северен ѕид на некогашната црква и фрагментарно сочуваниот фреско-живопис со видливи елементи на кралски портрети, фрагменти со ликови на светци „складирани“ во шутот под подот на денешната црква во нејзиниот западен дел.

Манастир Св. Архангел - ВарошКон некогашната „источна црква“ чии остатоци ги следиме во долниот дел на олтарната апсида, била доградена „западната апсида“ со сочувани фрески од 13 век меѓу кои и ктиторскиот портрет кој го држи моделот на црквата прикажана со двете цркви како една целина.

Во 14 век била зографисана „источната црква“, а за кое ни сведочат фрагментарно сочуваните фрески во олтарниот простор и кралските портрети на Волкашин и син му Марко на пиластрите на западната фасада, лево и десно од влезот на црквата.

Во 16 век дошло до обнова на источниот дел од црквата при што се откриени остатоци од фреско живопис на северниот ѕид.

Во 1861 година е обновена манастирската црква со поставување на полуобличест свод, изградба на отворен трем кон запданата страна и изградба на камбанарија со дрвена конструкција. За оваа обнова дознаваме од натписот врз мермерната плоча која била поставена над влезот, а сега отстранета за време на реставраторските работи (1970/80 г.).

Манастир Св. Архангел - ВарошКога завршила обновата на црквата во 1861 година било изградено и западното крило на манастирските конаци со повеќе одаи од страна на прилепските еснафи чии записи се сочувани над влезот на секоја одаја со на крајот испишаната 1861 година.

Денес црквата има форма на еднокорабна градба со нагласен источен и западен дел. Јужната фасада на западниот дел од црквата е сочувана во својот првобитен изглед, додека источниот дел од фасадата претрпел преправки. Изворноста на западната фасада е сочувана во долните партии, додека во горните извршена е реконструкција.

Врз основа на сочуваните елементи од внатрешната страна „западната црква“ првобитно имала купола, а за тоа ни сведочат сочуваните делови од арките на кои се држела куполата како и ктиторот што го држи моделот на црквата кој во западниот дел има насликано купола. Во најново време (1987) подигната е купола. Со тоа сега е обновен првобитниот изглед на црквата.

Манастир Св. Архангел - ВарошОстатоци од фрески кои датираат од 11 и 12 век ни даваат можност да констатираме за зрелоста на зографите од тоа веме, додека сочуваните фрески од 13 век во „западната црква“ со насликаните светци-испосници во цел раст и повеќето композиции во горните зони го потврдуваат високиот квалитет на зографите. Има и илустрации на маките Христови како на пр. „Христос пред Пилат“, „Патот на Голгота“ и „Симнувањето од крстот“. На северниот ѕид е насликана монументалната фигура на Архангел Михаил.

Пред црквата поставени се мермерни колони на некогашниот трем, на една од нив сочуван е запис со кирилско писмо (кирилски букви) од 996 година каде се споменува смртта на Андреа. Овој запис е втор по старост словенски натпис со кирилски букви по натписот на надгробната плоча на Самуиловите родители од 993 година.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.