| Search |
Манастир ТрескавецНа околу 10км. од Прилеп, под самиот Златоврв, подигнат е манастирот Трескавец, со манастирската црква Успение Богодоричино. Необично е убав погледот наоколу од него затоа што оттука се гледа цела Пелагонија, планините Бабуна, Пелистер и Кајмакчалан, а навечер градовите Прилеп, Битола и Крушево. Манастирот Трескавец претставува ерден сложен комплекс од разни градби, урнатини и доградби, кои до денес се уште не се доволно проучени. Меѓутоа, врз основа на малкуте податоци од литературата и најновите истражувања, се добива непотполна слика за манастирот Трескавец. Во еден фреско-натпис, кој се наоѓа над влезната врата на манастирот, се споменуваат византиските цареви Андроник II, и неговиот совладар Михајло IX. Тоа се, всушност, Милутин, царот Душан и неговиот син Урош се споменуваат во повелбите што ги издал Душан, како донатори на манастирот Трескавец. Манастирот Трескавец се смета дека е подигнат во XIII век, а обновен, веројатно за време на царот Милутин. По се изгледа, манастирот претрпел уривање и запустел во првите години на XV век, поради што дошле и подоцнежните обновувања. Денешната црква во основата има форма на еднократна градба, чија внатрешност расчленета со пиластри на неколку полиња - траеви. Централниот дел е надвишан со купола, а на исток е олтарната апсида која однадвор е тространа. Кон јужната страна на црквата била градба – пирг со приземна капела, што може да се види од зачуваниот ѕид на таа градба, кој всушност е источен ѕид на денешниот трем. Не е познато како можел да биде подигнат северниот параклис, но неколкуте сонди направени на овој дел од црквата покажаа дека под дебелиот слој малтер ѕидовите на параклисот, освен сводот, се покриени со фрески. Тоа покажува дека северниот параклис е живописан, веројатно во XIV век.
|
|
Манастир Св. Архангел Михаил (-/- ) |
Марков манастир (-/- ) |
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
![]() |
|
||||||
|
![]() SW
|
||||||
| Прикажи повеќе детали | |||||||
|
|
|||||||

Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.
Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,, што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.