In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Вторник, 05 Февруари 2013 15:46

Британски турист и монахот Калист први го гаснеле пожарот на Трескавец

Државјанин на Велика Британија и монахот Калист биле единствените луѓе кои го откриле пожарот во гостинскиот дел од конаците на манастирот „Успение на Пресвета Богодордица“ - Трескавец кај Прилеп.


Ова го потврди истражниот судија Весна Пајмакоска која денеска ќе ги сослуша сведоците и ќе направи пак увид со вештаци, полицијата и јавното обвинителство во истрагата за откривање на причините за катастрофалниот пожар, во кој вчера сосема изгореа конаците на манастирот од 13. век, а пламените јазици не ја зафатија црквата.

Од истрагата ќе се знае какао се нашол странецот во манастирот, кои биле последните гости во неделата во собите за гости во манастирот. Во истрагата ќе се вклучат инспектори по пожари од Скопје и експерти кои треба низ стручен агол и анализа да ги доловат околностите за избувнувањето на пожарот. Дознаваме дека изолирано било местото, жариштето на избувнувањето на пожарот за да им се овозможи на вештаците да соберат поквалитетни факти за комплетирање на истражната постапка. Паралелно во Прилеп заседава градскиот совет, на кој се очекува одлука за обездување интервентни средства за расчистување на последиците од огнот.

Според некои толкувања за штетата, реконструкцијата и враќањето на стариот сјај на светилиштето ќе чини околу еден милион евра.

Извор: Дневник

Media

Leave a comment

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.