
Започнува сезоната во третата лига југ.Дел од прилепските претставници меѓу фаворитите за највисок пласман. Две локални пресметки,од 10 часот играат Млекар и Викторија на теренот во Големо Коњари, а Корзо е домаќин на Големо Коњари. Интересно ќе биде и на дуелот во Кривогаштани каде се среќаваат екипите на Младост и Кожув. Лигата брои 18 екипи а најдобриот тим на крајот ќе игра бараж натпревар за пласман во втората лига.































Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".
