• Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот



Мултимедијален фестивал ПРИЛЕПСКИ ЗАГОВОР

Општина ПРИЛЕП во соработка со SUN PRODUCTION Ви најавуваат:

Дводневен мултимедијален фестивал, концептуално поделен на два дела:

Петок 27.08.2010
...
Дј Настапи на најпознатите Македонски дји од Хип-Хоп, Techno/House и Trance Сцените:

DJ SLAVE - LEGIJATA (Sk)

ILINA ANGEL Kanal 103 (Sk)

YUDHISTHIRA (Sk)

ECI & DARE (Sk)

FREAKY (Pp)

+++ Suprise Djs

 



You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Темп.: 24°C
Темп. на Ветер: 24°C
Влажност: 53%
Брзина: 5 km/h
Правец:
Притисок: 1013.9 mb
VAR
Прикажи повеќе детали


Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.

Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,,  што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.

Забава во Прилеп