Стрелец 22.11-21.12
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Вие сте
убедени дека некој си поигрува со вас, а можно е и да ве уценува. Жените
се вашата десна рака на работа, а колегите ви се ноќна мора. Ви годи сознанието
дека тоа што го работите, го работите на најдобар можен начин. Не влегувајте
во расправии со колегите, вие ќе го извлечете подебелиот крај. Стрелецот е
склон кон ризик, па заради тоа не се нервира премногу за финансии и се
придржува кон мотото "како дошле, така пошле".
Риби 19.02-20.03
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Се чувствувате
изневерено, доколку вашиот бизнис партнер е Овен, Шкорпија, Јарец или Девица
нема да бидете во најдобри односи. Сепак, Бик ќе ви обезбеди максимална
заштита. Преголемата
самодоверба ве однела еден чекор понапред од дозволеното, а сега плаќате за
грешките. Ќе бидете подготвени на се само да ги остварите своите огромни
амбиции. Добро би ви
дошла дипломатија и барем малку толеранција и вие ќе се чувствувате подобро.
Овен 21.03-19.04
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Неделата ќе ви
започне многу бурно, ќе имате многу нервози, застои, несогласувања. Оваа недела
морате да си поставите листа на приоритети и да ги намалите своите очекувања. Дури кон
крајот на неделата работите ќе успеете да ги ставите под контрола, затоа имајте
трпение. Слободното време ќе го искористите за хонорарна работа.
Водолија 20.01-18.02
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
На вашата
конфузија и нема крај. Многумина се
лути на вас, бидејќи не ги исполнувате очекувањата на другите или не сте
способни да го направите тоа што го ветувате. Некој сака да
ви помогне, но вие не ги препознавате добрите намери.
Јарец 22.12-19.01
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Премногу се
оптоварувате со работата, додека другите си го планираат одморот вие
размислувате за работа. Постојат
можности за континуирани расправии со некој што ви е надреден. Комбинацијата
од искачувања и падови ќе бара од вас постојано вложување на енергија. Одвреме
на време ќе почувствувате исцрпеност и ќе сфатите дека не знаете кога навистина
треба да се одморите.
Рак 22.06-22.07
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Обидете се да
одржите темпо со вашите колеги. Бидете практични и не се оптоварувајте многу со
приказните околу вас. Силната
енергија и оптимизам ќе ви дадат поддршка за решавање на некои проблеми. Но
сите нема да ве разберат најдобро, затоа ќе ви биде потребна дополнителна
енергија и вештина за да ги убедите, се со цел да ги решите и остварите вашите
идеи. Побарајте
совет од некој поискусен, доколку сакате да донесете важни одлуки оваа недела,
а ако сето тоа не го решите на време работата ќе започне да се движи во
погрешна насока.
|
Скорпија 24.10-21.11
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
На работно
поле оваа недела има затишје, ова ќе биде совршен момент да го анализирате
досега сработеното. Можни се
проблеми со законот. Бидејќи видовте дека никој ништо не ви може, не се
грижете. Вашите финансии ќе се подобрат благодарение на поддршката од планетата Јупитер.
Вага 23.09-23.10
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Планетите не
се пријателски расположени кон вас, особено кога е во прашање партнерството.
Лесно можете да бидете вплеткани во лоши деловни потези. Ви годи
тимската работа, но за жал надворешните влијанија делуваат таа да не се одвива
со саканото темпо. Ќе имате
впечаток дека мора да направите отстапки за оние кои имаат помалку искуство од
вас или за оние кои ни самите не знаат што сакаат.
Девица 23.08-22.09
Неделен хороскоп
05-11.07.2010
Работа
Нема да бидете
задоволни од развојот на ситуацијата, ќе бидете во конфликт со шефот и
колегите, затоа што ќе мислите дека некој ве измамил. Почетокот на
овој месец за вас ќе значи повеќе работа, но и добри резултати доколку сте
подготвени да покажете се што знаете и умеете. Проблемите ќе
се појават кога ќе почувствувате дека вашите финансиски апетити нереално
растат, но сето тоа ќе го решите навреме, убаво е кога работите и заработувате,
но сепак треба да бидете реални.
Лав 23.07-22.08.2009
Неделен хороскоп
05-11.07.2010 
Работа
Оваа недела ќе
имате напорна и малку збунувачка работна ситуација која ќе ви создаде
дополнителни проблеми. Кога веќе ќе решите да се откажете од се, тогаш работите
ќе почнат да се враќаат на свое место. Доколку
мислите дека некој е неправеден кон вас, не се нервирајте, затоа што доаѓаат и
вашите пет минути. Искористете ги
сите можности кои ви се укажуваат, некој може да ви помогне во вашата кариера.
Близнаци 21.05-21.06
Неделен хороскоп
05-11.07.2010

РаботаМногу активен
период на работно поле, не се опуштајте и не си мислете дека се ќе завршите
лесно. Најдобро е работите да си ги извршувате секојдневно и да не заостанувате
со задачите. Кој си игра со
оган ќе се изгори. Тоа може и вас да ви се случи ако влетате во нови работи за
кои не сте собрале доволно информации и совети. Односот со
надредените е малку проблематичен, тоа се гледа од зададените задачи и работи.
Бик 20.04-20.05
Неделен хороскоп
05-11.07.2010

РаботаМногу време
поминувате работејќи и трудејќи се да им бидете на сите на услуга. Недостаток на
комуникација со колегите ќе доведе до недоразбирање и пролонгирање на работата. Оваа недела не
се истакнувајте премногу, сега не ви е потребно да бидете во центарот на
вниманието. Спасот барајте го во викендот што следи.
|