• Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот


Историјат

Потекло на името

Според Марко Цепенков до престолнината на Кралe Марко Варош почнале да се доселуваат луѓе и да градат куќи кои биле прилепени до ѕидините на Варош. Новиот град изгледал како ПРИЛЕПен на Варош па оттаму го добил името Прилеп.

Историја

Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самуиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самиул починал од срцев удар. По смртта на Самуил 4 века подоцна, во 1371 година, Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел Крале Марко (познат по своите надприродни сили и моќи, во народните преданија и приказни), кој и по доаѓањето на Турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југо-западна Македонија. Со доаѓањето на Турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентира кон селското производство особено на тутун. Во Прилеп во 1564/65 година ќе се случи и првиот поголем бунт на македонскиот народ кон неподносливата турска власт, кога незадоволните Мариовци, ќе направат голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп. Во XIX век, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков (роден прилепчанец) ќе ја прифати идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Илинденското востание ќе има силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. По Балканските војни и поделбата на Македонија, Прилеп крајно разурнат и разорен ќе влезе во рамките на кралството Југославија. Во Втората светска војна, токму во Прилеп на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица ќе започне антифашистичкото народно востание против окупаторската власт. Поради големиот број на борци и жртви, кои Прилеп ги дал во Втората светска војна, градот по војната го добил епитетот „град херој“.

Население

Градот Прилеп има поволна демографска слика, бидејќи бројот на неговото население бележи константен прираст од околу 1000 жители на секој попис. Според пописот од 2002 година, во Прилеп живеат 66.246 жители и тоа:

Македонци 61.320 92,56%
Роми 4.372 6,60%
Срби 151 0,22%
Турци 123 0,18%
Албанци 21 0,03%
Власи 16 0,02%
Бошњаци 17 0,02%
останати 226 0,34%
вкупно 66.246

Стопанство

Прилеп е центар на производство на високо квалитетен тутун и цигари, метало преработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехрамбена и мермерна индустрија (рудникот “Сивец“).

Тутунот е еден од Прилепските традиционални култури што успева во Македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат Прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за Тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот. Повеќето жители на Прилеп опстојуваат со производство на тутун.

Покрај тутуно-производството во Прилеп, од големите индустриски претпријатија работат, индустријата за висока технологија, повеќе фабрики за мебел, градежни материјали и воена опрема.

 

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Темп.: 14°C
Темп. на Ветер: 14°C
Влажност: 81%
Брзина: 3 km/h
Правец: 230°
Притисок: 948.2 mb
SW
Прикажи повеќе детали


Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.

Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,,  што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.

Забава во Прилеп