• Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот


Добредојдовте на најстариот прилепски интернет портал prilep.net.

Порталот е со ново руво кое се надеваме ќе Ви се допадне.

Редакцијата на порталот е во постојан ангажман да обезбеди информации од најразличен карактер со посебен осврт на локалните бизниси.

Овде можете да најдете безброј корисни информации за бизнисите во Прилеп, како и културниот и забавниот живот во градот и околината.

Секој посетител ќе има можност да чита најнови вести од Прилеп, пребарува фирми во Прилеп и околината користејќи го нашиот Бизнис адресар или да ја разгледа понудата на настани, културни и забавни активности, да гледа фотографии, да се информира за времето во Прилеп со 5 дневна временска прогноза, да чита за многубројните цркви, манастири и археолошки наоѓалишта.

Како регистриран корисник на prilep.net можете да ги објавите Вашите огласи, да добивате известување преку е-пошта за најновите културни и спортски настани во Прилеп, ТВ програма од вашите омилени телевизии, резултати во живо, и многу други сервиси само за вас.

Како правен субјект имате можност да го претставите Вашиот бизнис и понуда на производи и услуги. Без разлика дали сте од Прилеп и околината или пак тие Ви се пазар за освојување. Контактирајте нè.

Ве очекуваме!

 

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Темп.: 14°C
Темп. на Ветер: 14°C
Влажност: 81%
Брзина: 3 km/h
Правец: 230°
Притисок: 948.2 mb
SW
Прикажи повеќе детали


Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.

Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,,  што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.

Забава во Прилеп