• Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот



За средношколците од социјалните семејства- месечен надоместок од државата

Корисниците на парична социјална помош, кои имаат средношколци во семејствта, од оваа учебна година ќе имаат право на посебен месечен паричен надоместок за секој средношколец пооделно. Покрај потврдите за статусот на ученик, задолжителен услов е и редовноста на ученикот, која ќе се проверува директно од извештаите што ке ги доставуваат училиштата до Центарот за социјална работа.

 


Крстески најдобар во јуниорската конкуренција

Третата по ред велосипедска трка Торфеј Мариово 2010 во организација на велосипедскиот клуб Илинден и велосипедската федерација на Македонија ги собра на едно место најквалитетните натпреварувачи на едно место. Вкупно 46 пријавени кои и активно се занимаваат со овој спорт.Натпреварот е во календарот на федерацијата и се бодува за ранг листата во три конкуренции.

  

За бизнисменот Минчо Јорданов- 8-мо септемвриска на града од општина Крушево

Бизнисменот Минчо Јорданов е годинашниот добитник на 8-мо Септемвриската награда која општина Крушево му ја додели за посебен придонес во популаризацијата и афирмацијата на Крушево заради донирање на крстот во месноста “Вршник”. Престижната награда, Советот на општина Крушево, на Јорданов му ја додели на вчерашната свечена Седница.

 


Свечено одбележан- Денот на независноста, 8-ми Септември

Денот на независноста, 8-ми Септември, вчера беше одбележан со низа пригодни манифестации. Делагации од Локаната самоуправа, од политички партии, Сојузот на борци и невалдини организации положија цевеќе на споменците на паднатите борци на Могилата на непобедените, на споменичното обележје на баранителите од Карпалак, како и на споменикот на Методија Андонов Ченто.

  

60 % од отпадот од пакување треба да се рециклира

На пазарот за широка потрошувачка, денес речиси нема производ кој не е спакуван во соодветна амбалажа. Пластични кеси, шишиња, картонски кутии, се е тоа отпад што ако не е соодветно третинаран предизвикува загадување на околината. Законската регулатива ги обврзува економските оператори и општините да го собираат и рециклираат отпадот.

 
Лист 1 од 2

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Темп.: 16°C
Темп. на Ветер: 16°C
Влажност: 98%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 937.0 mb
CALM
Прикажи повеќе детали


Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.

Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,,  што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.

Забава во Прилеп