• Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот



Жетвата привршува, производителите чекаат поволна цена

Жетвата во прилепскиот регион е при крај. Ожнеани се 95 отсто од вкупните површини, при што понудените oткупни цени од 8 денари за килограм ги натераа производителите, главно, го складираат житото во домашните амбари. Цената на житните култури во соседните земји е во пораст поради слабиот род годинава, така што голема е веројатноста и пелагониските жетвари пристојно да заработат .

 


- Апаратот за стрес-тест, по две години повторно ставен во функција

Ставањето во употреба на стрес-тест апаратот на Интерното одделение во прилепската болница, според лекарите- специјалисти значи големо олеснување за пациентите, но, што е уште поважно намалување на бројот на смртните случаи од кардио-васкуларани заболувања. Овој апарат поради електронски дефект беше надвор од употреба повеќе од две години.

  

Почетокот на бербата на тутунот е под очекувањата

Бербата на тутунот во прилепско е во полн ек. Меѓутоа, временските прилики неповолно се одразија врз првата фаза од вегетацијата што пак е причина за уништување на дел од производството. Прогнозите за произведство на поголеми количества тутун годинава најверојатно нема да се остварат. Во регионов - центарот на тутунопрозводството во земјава со општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, годинава се регистрирани околу 15 иљади тутунари.

 


Изложба на Тони Чатлески во Кавадарци

Продолжува културната соработка помеѓу институцииите и уметниците со соседните градови. Синоќа во Каварци, пред тамошните љубители на ликовната уметност со свои дела се претстави сликарот Тони Чатлески.

  

Ноевите се вносен бизнис, доколку се обезбеди и сигурен пласман за нив

Одгледувањето на ноеви може да биде многу рентабилен бизнис, но, доколку државата покрај субвенциите од 1750 денари по ној, обезбеди и сигурен пласман на месото, јајцата, кожата и пердувите. Според семејството Јованоски, кои веќе две години се занимааваат со овој бизнис, ноевите не бараат некоја посебна грижа, но, помошта од државата е неопходна.

 
Лист 1 од 2

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Темп.: 27°C
Темп. на Ветер: 27°C
Влажност: 37%
Брзина: 8 km/h
Правец: 200°
Притисок: 1012.9 mb
SSW
Прикажи повеќе детали


Денес во 20 часот, во Ликовниот салон на Центарот за култура, Марко Цепенков, ќе биде отворена изложба на дела од уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп. На изложбата ќе бидат претставени 30 дела од исто толку уметници. Ќе има слики работени во различна техника, со различна тематика, скулптури, рејлефи, макети...

Создадено е првото уметничко дело во рамките на манифестацијата „Прилепското уметничко летo“, што ја организира Центарот за современа ликовна уметност. Центарот за современ аликовна уметност. Манифестацијата ќе трае до средината на август при што другите уметници создаваат дела. Насликан е ѕид од зграда во центарот на градот.

Театарски спектакл во изведба на „чин 4 сцена 5“

Вторник 12. Август

Почеток: 21:30ч. во Дом на Култура „Марко Цепенков“

Забава во Прилеп